Формула 1

Нова победа на Верстапен, откажа болидот на Леклер

Макс Верстапен ја запиша четвртата победа оваа сезона, добриот ден на Ред Бул го комплетираше Серхио Перез кој го освои второто место, Леклер не ја заврши трката. 

Интересна трка се возеше на „Каталуња“, во која како победници излегоа возачите на Ред Бул.
 
Верстапен на стартот не успеа да го претрка Леклер и продолжи да вози на втората позиција, подоцна направи грешка и падна на четвртото место. Серхио Перез му ја препушти позицијата на Верстапен кој почна дуел со Џорџ Расел, но проблемите со ДРС системот го оневозможија да се врати на второто место.
 
Но не помина долго Верстапен беш втор затоа што болидот на Леклер откажа и тој ја напушти трката. По неколку менувања на пневматиците, Верстапен успеа да дојде до првото место и да го задржи.
 
Во меѓувреме Перез се проби на второто место и го комплетираше добриот викенд за Ред Бул. На трето место заврши Расел, четврти беше Карлос Саинц, а петти Луис Хамилтон. Во топ 10 завршија и Ботас, Окон, Норис, Алонсо и Цунода.
 
Макс Верстапен со оваа победа го презема лидерското место во генералниот пласман пред Леклер и Перез.
 
Следната трка се вози низ улиците на Монако.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе