Формула 1

Не се чекаше многу, Алонсо ќе го менува Фетел во Астон Мартин!

Фернандо Алонсо од следната сезона ќе вози во Астон Мартин, Шпанецот ќе биде замена за Себастијан Фетел, кој пред неколку дена соопшти дека оди во пензија.

На големо изненадување, утрово пристигна информација дека Феранандо Алонсо од 2023 година ќе биде нов возач на Асон Мартин, Шпанецот ќе го менува Себастијан Фетел, кој пред неколку дена соопшти дека по крајот на сезоната оди во пензија.

„Прилично јасно е дека тимот на Астон Мартин вложува енергија и посветеност за да почне да победува, и затоа во моментов е еден од највозбудливите тимови во Формула 1“ – вели Фернандо Алонсо.

„Ги познавам Лоренс и Ленс со години и очигледно е дека тие имаат амбиција и пасија да успеат во Формула 1. Гледав како тимот систематски привлекува звучни имиња со победничко педигре и колку се вложува во новите објекти на тимот“.

„Никој во Формула 1 не демонстрира поголема визија и апсолутна посветеност за победи па затоа ме возбудува оваа шанса што ми се укажа“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе