Рафа Надал по три сезони се врати на Вимблдон и стартуваше со победа.
Шпанецот првите два сета ги доби релативно лесно со 6-4 и 6-3, но третиот го загуби со 6-3.
Франсиско Серундоло имаше предност од 4-2 во четвртиот сет и се чинеше дека е блиску до израмнување во сетови, но тогаш Надал се крена, доби четири гејма по ред, го доби сетот со 6-4 и победи со 3-1.
Во второто коло Надал ќе игра против Беранкис кој со 3-0 го совлада Квери.