АТП МОНТЕ КАРЛО

Надал со лекција за Зверев, Ѓоковиќ се намачи со Карењо Буста

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се пласираа во четвртфиналето на мастерсот во Монте Карло откако славеа во дуелите со Александар Зверев односно Пабло Карењо Буста

На Александар Зверев денес му беше роденден, а за подорок од Рафел Надал доби тениска лекција.

Шпанецот со убедлива игра и 2-0 во сетови (6-1, 6-1) славеше во дуелот со талентираниот Германец за нешто повеќе од еден час и се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Монте Карло.

Помеѓу осумте најдобри се најде и Новак Ѓоковиќ, кој малку се помачи со Пабло Карењо Буста.

Србинот добро го започна натпреварот и првиот сет го доби со 6-2, но Карењо Буста успеа да го реши вториот сет во своја корист со 4-6.

Во третиот сет, Шпанец добро се држеше и при резултат 4-4, имаше 15-40 предност и две брејк топки на сервис на противникот.

Ѓоковиќ сепак не дозволи изненадување, собра сили да се врати, потоа го доби и следниот гем за 6-4 и победа од 2-1 во сетови

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе