Австралија опен

Надал со еден загубен сет го помина Качанов и се пласира во осминафинале на АО

Рафаел Надал го загуби првиот сет на Австралија опен но ја оствари целта, го победи Карен Качанов и се пласираше во следното коло од грен слем турнирот. 

Рафаел Надал засега без поголеми потешкотии ги поминува пречките на Австралија опен, денеска најде на нешто посилен отпор, но си ја заврши работата.
 
Надал ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2, третиот го загуби со 3-6, но потоа го одигра најубедливиот сет, 6-1 и дојде до триумф од 3-1 во сетови.
 
Во осминафиналето Надал ќе игра со победникот од дуелот меѓу Манарино и Карацеф.
 
Убедлив настап денеска имаше Александер Зверев кој со 6-3, 6-4 и 6-4 го совлада Албот.
 
Зверев во осминафиналето ќе игра против Шаповалов кој со 3-1 го победи Опелка.
 
Пласман во осминафиналето обезбеди и српскиот тенисер кој требаше да игра против Ѓоковиќ, Кецмановиќ кој со 3-1 беше подобар од Сонего.
 
Следниот негов противник е Гаел Монфис кој е 17. носител на турнирот. Тој со 3-0 беше подобар од Гарин.
 

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе