Ролан Гарос

Надал ја доби епската битка со Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов шампион

Рафаел Надал со 3-1 (6-2, 4-6, 6-2, 7-6) во сетови го победи Новак Ѓоковиќ во уште една битка за паметење меѓу нив, српскиот тенисер не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос. 

Рафаел Надал уште еднаш покажа зошто е „кралот на земја“, Шпанецот на моменти играше совршен тенис и на крајот успеа да го победи својот најголем ривал кој ја бранеше круната.
 
Новак Ѓоковиќ тргна лошо, загуби свој сервис уште на самиот старт, Надал беше песпрекорен во првиот сет, се му одеше од рака и го доби со 6-2.
 
Ѓоковиќ и вториот сет го почна лошо, загуби свои два сервиси, Надал поведе со 3-0 со два брејка. Но тогаш Србинот почна да игра, ги доби наредните четири гејма и го сврте сетот кој на крајот го доби со 6-4.
 
И покрај тоа што почна да игра на своето вистинско ниво, Новак лошо тргна и во третиот сет, со загубен сервис, и тој го загуби со 6-2, Надал ја врати предноста во сетови.
 
Во четвртиот сет Ѓоковиќ тргна одлично, имаше 3-0, ја држеше предноста од еден брејк, па имаше и 4-1 и 5-2, но тука застана. Следните три гејма му припаднаа на Надал кој израмни на 5-5. Двајцата земаа уште по еден гејм и сетот отиде во тај-брејк. Надал беше супериорен во тај-брејкот, имаше водство и со 6-1, на крајот го доби со 7-4 и се радуваше на големата победа.
 
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Александер Зверев кој со 3-1 го совлада Алкараз.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе