Австралија опен

Надал е првиот финалист на Австралија опен

Рафаел Надал со 3-1 во сетови го победи Матео Беретини и ќе игра во финалето на Австралија опен. 

Рафаел Надал се избори за своето 29. грен слем финале откако денеска беше подобар од италијанскиот тенисер Матео Беретини.
 
Шпанецот моќно го почна мечот, ги доби првите два сета релативно лесно со 6-3 и 6-2 и поведе со 2-0 во сетови.
 
Конечно следуваше добар сет на Беретини, го доби со 6-3 и се врати во игра. Но тоа беше се што направи, следниот сет му припадна на Надал со 6-3 за победа од 3-1 во сетови.
 
Надал во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Циципас и Медведев.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе