АТП Мастерс Рим

Надал е елиминиран од Мастерсот во Рим, Шварцман го скроти „кралот на земјата“

Рафаел Надал не стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим откако со 2-0 беше поразен од Диего Шварцман. 

Поради земјената подлога Надал важеше за фаворит во Рим, но шпанскиот тениски ас настапот го заврши во четвртфиналето.
 
Диего Шварцман одигра одлична партија, победи со 6-2 и 7-5 и се пласира меѓу четирите најдобри.
 
„Ова не беше моја ноќ. Тој играше многу добро, јас не. Вакви работи може да се случат кога долго време не сте играле. Одиграв два добри меча, и вечерва еден лош. Честитки за Диего. Ќе продолжам да работам“, изјави Надал по мечот.
 
Шварцман во полуфиналето ќе игра против Шаповалов кој со 6-2, 3-6 и 6-2 беше подобар од Григор Димитров.
 
Во другото полуфинале играат Ѓоковиќ против Руд.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе