Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката

Морисон: Му благодарам на судот, а сега е време да уживаме во тенисот

Австралискиот премиер, Скот Морисон ја поздрави одлуката на судот за депортација на Новак Ѓоковиќ и вели дека сега е време фокусот да се стави на Австралија опен. 

Австралиските власти успеаа во намерата да го избркаат Новак Ѓоковиќ од земјата. Австралија опен ќе биде посиромашен за деветкратниот освојувач на овој турнир, но премиерот Скот Морисон тоа го гледа како победа.
 
Како што реков и претходно, Австралијците дадоа голема жртва за време на оваа пандемија и со право очекуваа исход со кој ќе бидат заштитени. За време на пандемијата успеавме да постигнеме една од најниските стапки на смртност, најсилни економии и најсилна вакцинација во светот се основи за австралискиот живот и за владеење на правото“, вели Морисон.
 
„Ние од владата секогаш бевме подготвени да ги преземеме одлуките и активностите кои се неопходни за заштита на интегритетот на нашите граници. Му благодарам на Судот за неговото брзо одлучување за ова прашање и трпението на сите вклучени додека работевме. Сега е време да почне Австралија опен и да се вратиме на уживањето во тенисот“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе