- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 66НОВИ / 24h
- 1 од 11
- следно ›
- Контакт
Австралија опен
Медведев добро се испоти за да го помине Креси, а потоа призна дека се служел и со психолошка тактика

Медведев добро го стартуваше мечот, првиот сет го доби со 6-2, а потоа Американецот се разигра.
Русинот го доби и вториот сет, но во тајбрејк со 7-4. Тајбрејк се играше и во третиот сет кој му припадна на Креси со 7-4. Четвртиот сет Медведев го доби со 7-5 и победи за пласман во следната фаза.
За време на мечот Медведев во повеќе наврати зборуваше гласно, довикуваше по нешто.
„Ова е така досадно“, „Неверојатно е колку среќа има. Никогаш не сум видел нешто слично во животот“, се дел од фразите кои гласно ги кажа Медведев во текот на мечот.
По дуелот тој изјави дека тоа било дел од неговата тактика откако видел дека не му оди лесно.
„Да, тоа беше одличен дуел. Во текот на мечот малку полудев поради себе. Се обидував да кажам нешто, да му влезам во главата. Тој да се запраша - „Што зборува Медведев?“ и така да промаши некој удар. Не сум среќен поради работите кои ги кажав денеска, но најважно е дека продолжувам да се борам“, призна Медведев.
Медведев во четвртфиналето ќе игра со Оже Алиасим кој со 3-1 го победи Марин Чилиќ.
Други спортови
Објавено на
24 Јануари 2022 - 11:23