Македонскиот шампион во одбојка ОК Струмица оваа сезона со брендот на НИКОБ во европската Лига на шампиони

Групацијата НИКОБ оваа сезона како генерален спонзор на македонскиот шампион во Одбојка, ОК Струмица - Никоб.

Компанијата Никоб потпиша Меморандум за соработка и договор за спонзорство со најтрофејниот македонски клуб во Одбојка, ОК Струмица - Никоб.

„Одбојкарскиот клуб, ОК Струмица Никоб е гордоста на Струмица и на Македонија и ќе направиме се што е во рамките на нашите можности како генерални спонзори да му помогнеме на клубот да ги има сите услови за да може да се натпреварува на елитното натпреварување во европската Лига на шампионите“, изјави сопственикот на НИКОБ Групацијата, Кирил Лазаров

Во моментов го заокруживме процесот на обезбедување на врвна опрема и квалитетни дресови, тренерки и друг вид на опрема според стандардите кои ги бара европската лига на шампионите, понатаму го помогнавме клубот да биде домаќин на врвен меѓународен турнир во Струмица во кој клубот го заврши со многу добар скор и практично тоа беше еден показател во каква форма се играчите, соопшти компанијата.

„Она на што сум најмногу горд се засилувањата оваа сезона која заедно со клубот ги обезбедивме, така што сме спремни македонската и клупската одбојка да ја преставиме во најдобро светло во Европа. Денеска го потпишавме меморандумот за соработка и договорот за спонзорство и го промовиравме домашниот и гостинскиот клубски дрес кој е одраз на стандардите кои ги наметнува Европската одбојкарска федерација.

Одбојката е спорт кој во Европа и светот станува се попопуларен, а ние како општествено одговорна компанија сакаме овој спорт да биде пример дека е навистина репрезентативен и потребен за секој млад човек кој сака да се развива во здрава и стабилна личност. Ќе продолжиме да го поддржуваме спортот како компанија, бидејќи сметаме дека спортот е оној кој обединува и ги неутрализира сите негативности кои знае општеството да ги обремени младите луѓе“, реќе првиот човек на НИКОБ, Кирил Лазаров.

Претседателот на ОК Струмица Никоб, Владо Милев, кој е клупски играч и Македонски репрезентативец  се заблагодари до сопственикот на НИКОБ за посветеноста, но и за храброста да инвестира во спортот и во одбојката во целина. Одбојката е прекрасен спорт кој во Европа е циклусно популарен, а во светот овој олимписки спорт е навистина ценет и респектиран посебно кај младата популација.

Со Никоб како спонзори нема да имаме предизивици и се надеваме на добар резултат во Европа, но и во нашето првенство. Потребен е стабилен спонзор кој ќе ни помага. Имаме неколку врвни одбојкарски имиња со кои се засиливме оваа сезона. Тоа се Русите Александар Злобин, Максим Михаилов, Алексеј Лободин, Колумбиецот Јоан Јараба и Канаѓанецот со македонски корени  Деан Глобочки.

Сите доаѓаат од врвни клубови со одличен скор позади себе. На турниот во Струмица, по повод 75 години клубска историја на ОК Струмица, игравме со Раднички Крагуевац од Србија, ОК Црна Гора и ОК Крајова од Романија. Остваривме втор резултат и прокниживме две победи. Тоа ни даде слика во каква кондиција е клубот.

 На 20 Септември почнуваме со првиот натпревар во Лигата на шампионите на Европа во Холандија и играме со холандскиот шампион Драисма Динамо од Апелдоорн. Се надеваме на победа и ги повикуваме сите наши кои живеат во Холандија и во Европа и да дојдат и да ни дадат поддршка која многу ќе ни значи, рече Милев.

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе