Ираклион, Грција

Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Грција

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го помина четвртфиналето на турнирот во грчкиот град Ираклион откако во два сета беше подобра од Италијанката, Софија Рочети. 

Ѓорческа имаше одличен старт на мечот, во првиот сет и дозволи на Италијанката да земе само еден гејм, додека вториот беше нешто понеизвесен, Лина го доби со 6-4.
 
Ѓорческа за место во големото финале ќе игра против шестата носителка, Романката Бјанка Булгару, која ја победи пред само неколку дена во финалето на првиот турнир на грчкиот остров Крит.
 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе