ТЕНИСЕРКАТА СЕ ОГЛАСИ ПО НАПАДОТ

Квитова: Повредата е сериозна, среќна сум што останав жива

Познатата чешка тенисерка, Петра Квитова се огласи на социјалните мрежи откако денеска со нож беше нападната во својот дом

26 годишната тенисерка заработила исекотина на левата рака откако се обидела да се одбрани од разбојникот кој влегол во нејзиниот дом во градот Простејов.

Петра Квитова попладнево се огласи на социјалните мрежи, двократната шампионка на Вимблдон вели дека повредата е сериозна но таа е среќна што останала жива.

„Ви благодарам на сите за пораките” – напиша тенисерката на Фејсбук.

„Како што веќе слушнавте, бев нападната во мојот дом од непозната личност со нож”.

„Во обид да се одбранам, заработив лоша повреда на левата рака”.

„Потресена сум, но и среќна што останав жива. Повредата е сериозна, ќе треба да се консултирам со специјалист, но оние кои добро ме познаваат знаат дека сум силна и ќе го надминам ова”.

„Уште еднаш ви заблагодарувам за љубовта и поддршката која ја изразивте и ве замолувам да ја почитувате мојата приватност во периодот додека се опоравувам”.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе