МИРКО ФИЛИПОВИЌ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ

„Кро Кап“: Ова дефинитивно е крај на мојата кариера

Само еден ден откако се врати во Хрватска по големиот триумф на Ризин гран-прито во Јапонија, големиот борец Мирко Филиповиќ објави крај на кариерата.

„Кро Кап“ ја изненади хрватската јавност откако објави крај на кариерата. Турнирот во Јапонија е негов последен, би се вратил само за проштален меч но само доколку ги санира повредите.
 
„Ова дефинитивно беше мој последен турнир, имам здравствени проблеми и ова дефинитивно е крај на мојата кариера“ - вели Филиповиќ.
 
„Единствено може да се случи проштален меч доколку успеам да го санирам коленото со кое имам големи проблеми. Таков еден меч би се случил само во Јапонија, пред мојата омилена публика“.
 
„Ќе бидам претпазлив со коленото, на него му се кинеа лигаменти, рскавицата е уништена. Еднаш неделно одев кај доктор на терапија. Не сакам никогаш повеќе да поминувам низ таков пекол. Го дадов мојот максимум. Знам дека и претходно најавував крај, но ова е дефинитивно. Што се однесува до спортот, го дадов своето“.
 
„Ќе продолжам да се занимавам со спорт и по завршување на кариерата. Веќе ми се јавија некои странци и може ќе работам со нив. Нема да отворам клуб и да работам со рекреативци. Спорт, тренингот е составен дел од мојот живот“.
 
Мирко Филиповиќ и претходно објавуваше крај на кариерата но се врати, се чини дека како што и тој самиот вели, сега дефинитивно завршува со професионалните борби.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе