Се чека одлука на Владата

Коронавирусот ги одложува сите спортски настани во Македонија, Вардар и Монпелје ќе играат пред празни трибини?

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека на седница на Владата ќе достави предлог за откажување на сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на коронавирусот.

Коронавирусот изминативе денови направи многу проблеми во фудбалска Италија, останатите земји од Европа се уште не реагирале, но Македонија може да биде прва која ќе се реши на драстични мерки.

Владата на денешната седница ќе го разгледува предлогот на Министерот за здравство, Венко Филипче кој бара да се забранат сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на коронавирусот.

„Предлогот е да се забранат сите јавни собири каде има голема бројка на граѓани, без разлика дали се во затворен или отворен простор. Треба да се откажат сите големи јавни собири и спортски натпревари“ – брифира Филипче.

И додека постои можност сите спортски настани од домашните првенства да бидат одложени, проблематичен е дуелот помеѓу Вардар и Монпелје во ракометната Лига на шампиони. Поради згуснатиот распоред, тешко е да се најде нов термин. Доколку Владата го прифати предлогот, веројатно во „Јане Сандански“ ќе се игра пред празни трибини.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе