Шампионот на Македонија се уште се нема огласено, но од Полска пристигнува информација за нови четири случаи на ковид-19.
Кјелце соопшти дека ќе оди во изолација откако добиле информација дека четворица ракометари на Вардар кои пред два дена настапиле во „Хала легионов“ се позитивни на коронавирус.
За очекување е и „црвено-црните“ да одат во изолација а тоа практично ќе значи и одложување на натпреварите против ПСЖ и Порто закажани за почетокот од декември.