ОТКАКО СРПСКИОТ ТЕНИСЕР ПОМИНА БЕЗ КАЗНА ВО ДОХА

Киријос: Да бев јас на местото од Ѓоковиќ ќе бев суспендиран до 2025 година

Новак Ѓоковиќ во финалниот меч во Доха со топче погоди гледач, но не беше казнет, контроверзниот Николас Киријос не пропушти да реагира преку социјалните мрежи. 

Ѓоковиќ два пати беше опоменат од судијата во финалето против Мареј, но не доби казна. Првата опомена беше затоа што нервозно го удри топчето и погоди гледач, а второто откако фрустрацијата ја истури врз својот рекет.
 
Киријос кој важи за контроверзен тенисер, смета дека сите играчи го немаат третманот кој го има Новак Ѓоковиќ.
 
„Јас би бил отстранет и суспендиран до 2025 година“ - напиша австралискиот тенисер на својот твитер профил и постави линк од моментот кој се случи во Доха.
 
 
По мечот, Новак Ѓоковиќ јавно се извини за инцидентот.
 
„Дефинитивно не сакав со топчето да удрам некој. Едноставно се случи. За среќа не добив поголема казна. Претпоставувам дека треба да бидам повнимателен. Признавам дека направив грешка“ - изјави Ѓоковиќ

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе