Мадрид

Калин Ивановски го освои фјучерсот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски дојде до својот трет трофеј во кариерата откако со доминантна игра во финалето на ИТФ фјучерсот во Мадрид во два сета го победи Британецот Марк Вајтхаус. 

По трофеите во Хеаклон (Грција) и Монастир (Турција), Ивановски денеска во Мадрид го освои својот трет трофеј во кариерата.
 
Македонскиот тенисер со 6-4 и 6-2 го совлада Марк Вајтхаус од Велика Британија во денешното финале.
 
Ивановски на патот до овој трофеј загуби само еден сет, што е показател дека Македонецот се наоѓа во одлична форма.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе