ДАКАР 2017

Избегната трагедија на Дакар, Саинц со спектакуларното превртување (ВИДЕО)

Шампионот на Дакар од 2010, Карлос Саинц предвреме го заврши настапот оваа година откако на 4. етапа имаше спектакуларно превртување

Карлос Саинц е второто големо име за кого заврши Дакар, откако претходно и Насер Ал Атијах беше принуден да се откаже.

Шпанецот вчера имаше спектакуларно излетување на само 5 километри до крајот на 4. етапа и сериозно го оштети својот автомобил па нема да може да го продолжи настапот на релито во Јужна Америка.

Карлос Саинц најпрво изгуби контрола над своето Пежо, потоа се преврете неколку пати и на крајот падна во бездната.

За среќа никој не настрада и беше избегната голема трагедија со оглед на тоа дека имаше и гледачи покрај патот.

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе