Вимблдон јуниори

Ивановски со само три загубени гејма го победи Пачеко и избори осминафинале на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе игра во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон откако лесно во два сета го совлада 11. носител, Родриго Пачеко Мендез. 

За разлика од првото коло кога со пресврт дојде до победата, овојпат Ивановски буквално го разби противникот со 2-0 (6-1, 6-2).
 
Во првиот сет Калин загуби само еден гејм, а во вториот два и на убедлив начин обезбеди осминафинале на јуниорскиот Вимблдон.
 
Таму ќе игра со подобриот од Едас Бутвилас (8 носител) и Озан Чолак.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе