Ивановски се издигна кога сите мислеа дека ќе загуби. Нашиот тенисер го загуби првиот сет со 6-3, а во вториот губеше со 4-2, тогаш се крена, доби четири гејма по ред, го зема сетот и израмни на 1-1.
Во третиот решавачки сет нашиот тенисер беше многу подобар, го доби со 6-2 и победи со 2-1.
Во следното коло Ивановски ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Базиле и Пачеко.