Луис Хамилтон триумфираше на премиерната трка во Катар, Британецот немаше многу мака, се одвои уште на стартот и потоа рутински извозе за победа и намалување на предноста на Макс Верстапен на 8 бодови.
Холанѓанецот непосредно пред стартот дозна дека ќе назадува пет места, но брзо надоплни за пехот, уште во првите неколку круга се најде на втората позиција, и кога веќе не можеше да се бори за победа, освои еден дополнителен бод за најбрз круг.
Зад нив, Фернандо Алонсо успеа да се избори за позицијата број 3, Шпанецот за прв пат по 2014 се искачи на пиедесталот.
Во бодови денеска уште завршија Перез, Окон, Строл, Саинц, Леклер, Норис и Фетел.