Формула 1

Хамилтон победи во Катар, Алонсо по седум години се искачи на пиедесталот

Луис Хамилтон победи на ГН на Катар и ја намали предноста на Макс Верстапен на 8 бодови, Фернандо Алонсо за прв пат по 2014 година, обезбеди место на пиедесталот.

Луис Хамилтон триумфираше на премиерната трка во Катар, Британецот немаше многу мака, се одвои уште на стартот и потоа рутински извозе за победа и намалување на предноста на Макс Верстапен на 8 бодови.

Холанѓанецот непосредно пред стартот дозна дека ќе назадува пет места, но брзо надоплни за пехот, уште во првите неколку круга се најде на втората позиција, и кога веќе не можеше да се бори за победа, освои еден дополнителен бод за најбрз круг.

Зад нив, Фернандо Алонсо успеа да се избори за позицијата број 3, Шпанецот за прв пат по 2014 се искачи на пиедесталот.

Во бодови денеска уште завршија Перез, Окон, Строл, Саинц, Леклер, Норис и Фетел.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе