Меч со големи емоции за Хабиб Нурмагомедов

Хабиб на маестрален начин го победи Гејчи и објави крај на кариерата! (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов со зафат на почетокот од втората рунда го победи Џастин Гејчи и шокантно објави крај на кариерата, нешто што никој не го очекуваше. 

Хабиб без пораз, со 29 победи ја завршува кариерата во УФЦ, вечерва имаше уште еден блескав настап откако на брилијантен начин го победи Џастин Гејчи.
 
Првата рунда беше речиси изедначена, но финишот од неа му припадна на Хабиб кој го собори Гејчи на подот но немаше време за финиш. Тоа што го почна во првата го доврши на почетокот од втората, со мајсторски зафат победи и покажа кој е кој во лесна категорија.
 
 
По мечот Хабиб со многу емоции и солзи победата ја посвети на својот неодамна починат татко кој му беше и тренер.
Откако го доби појасот изјави дека неговата мајка побарала од него да не се бори без неговиот татко да биде крај него, тој и ветил дека ова ќе биде последна негова борба во чест на татко му, а по неа става крај на кариерата.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе