ИТФ КИАСО, ШВАЈЦАРИЈА

Ѓорческа ќе се бори за трофеј на турнирот во Киасо

Лина Ѓорческа и Александрина Најденова се изборија за финале во двојки на ИТФ турнирот во Киасо откако лесно со 2-0 во сетови славеа над Жорж Миртиј и Суњо Тес

Најдобрата македонска тенисерика, Лина Ѓорческа и нејзината партнерка од Бугарија, Александрина Најденова ќе се борат за трофеј на ИТФ турнирот во Киасо.

Попладнево во полуфиналето тие лесно и за помалку од еден час со 2-0 во сетови (6-1 и 6-3) славеа над Жорж Миртиј од Франција и Суњо Тес од Швајцарија.

Во финалето, Ѓорческа и Најденова за противник ќе ги имаат Катерина Краперова од Чешка и Росалие ван дер Хоек од Холандија.

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе

Политичките кризи, регионалните тензии и влошувањето на демократијата покажуваат дека постои зголемен ризик од конфликт и нестабилност на Балканот.

повеќе

Колумната е објавена на 25 септември 2010 година во весникот „Време“.

повеќе