Ѓорческа го заврши настапот во Севиља

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа денеска го загуби полуфиналето во сингл конкуренција, а беше поразена и во финалето во двојки.в

Лина Ѓорческа денеска настапи најпрво во полуфиналето во сингл конкуренција каде играше против Аавенесјан од Русија.
 
Ѓорческа го загуби првиот сет со 2-6, но со иста мера се реваншираше во вториот и израмни на 1-1. Решавачкиот сет го доби руската тенисерка со 6-3 и таа се пласира во финалето.
 
Во финалето во двојки Ѓорческа со својата партнерка Лукас загубија од Вилда Хенеман од Шведска и Јеонво Ку од Јужна Кореја.
 
Ѓорческа и Лукас имаа водство од 5-0 и сервис, а тогаш нивните противнички почнаа серија која траеше 12 гејма. Го добија првиот сет со 7-5, во вториот водеа со 5-0 и дури тогаш нашата тенисерка и нејзината партнерка освоија нов гејм, но го загубија сетот со 6-1.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе