Ѓоковиќ за испраќањето на Федерер: Тоа беше еден од најубавите моменти кои сум ги доживеал (ВИДЕО)

По вчерашната победа над Тиафо, Новак Ѓоковиќ уште еднаш проговори за Роџер Федерер, рече дека неговото испраќање, сите тие емоции кои беа на тенискиот терен, е еден од најубавите моменти кои тој ги доживеал. 

Вчерашниот ден од Лејвер Купот помина во знакот на Новак Ѓоковиќ кој оствари две победи. Во сингл го совлада Тиафо со 2-0 (6-1, 6-3), а во двојки заедно со Беретини беа подобри од Де Минар и Сок со 2-0 (7-5, 6-2).
 
„Привилегија е што бев тука заедно со останатите тенисери да бидеме сведоци на тој момент. Тоа беше едно од најдобрите нешта кои сум ги доживеал во животот. Од една страна беше тажно што си оди еден од најголемите спортисти во историјата, а од друга страна беше среќа затоа што гледаме колку е среќен“, вели Ѓоковиќ.
 
„За мене најемотивен момент беше кога на теренот излегоа неговите деца и кога ги видов како плачат, тоа беше.... Извини Роџер, не сакам повторно да те расплачам, но тоа беше прекрасен момент“.
 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе