Србинот има идеја

Ѓоковиќ соопшти план како посилните тенисери да им помогнат на послабите играчи во овој кризен период

Новак Ѓоковиќ има план како побогатите тенисери да им помогнат на послаборангираните во период кога играчите немаат никакви примања поради неиграње на турнирите. 

Тенисот како и другите спортови е во застој поради ситуацијата со коронавирусот. Тенисерите немаат приходи поради тоа што не играат натпревари, а послабите немаат ниту спонзорски договори.
 
Ѓоковиќ има идеја како побогатите тенисери да направат фонд за помош на послабите.
 
„Предлогот е најдобрите 100 тенисери во сингл и најдобрите 20 во двојки да учествуваат во креирање на фонд за послабо пласираните тенисери. Најдобрите пет во светот да донираат 30.000 долари, од 6 до 10 место да уплатат по 20.000 долари, тенисерите од 11 до 20 позиција по 15.000 долари, од 21 до 50 место да донираат по 10.000 долари, а од 51 до 100 место по 5.000 долари во фондот. Најдобрите 20 тенисери во двојки да донираат по 5.000 долари, вкупната сума би изнесувала 1.050.000 долари“, вели Ѓоковиќ.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе