Вимблдон

Ѓоковиќ со голем пресврт го победи Синер и се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ губеше со 2-0 во сетови против Синер, но Србинот уште еднаш ја покажа својата класа, ги доби останатите три сета и победи со 3-2 (5-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-2). 

Новак Ѓоковиќ добро влезе во мечот, брзо доби брејк и имаше водство од 3-0 и 4-1, но потоа следуваше серија на Синер кој направи серија од 6-1 и го доби сетот со 7-5.
 
Во вториот сет Синер беше убедлив, Ѓоковиќ не беше на своето ниво, грешеше и го загуби сетот со убедливи 6-2.
 
Новак побара пауза за тоалет и потоа се врати како нов играч. По мечот тој и самиот рече дека тоа било клучно, таму пред огледало си одржал мотивационен говор кој му помогнал да се врати во мечот.
 
Следните три сета Ѓоковиќ ги доби убедливо со 6-3, 6-2 и 6-2 и победи во мечот со 3-2.
 
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот меѓу Гофан и Нори.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе