Го посети манастирот Острог

Ѓоковиќ се релаксира во Црна Гора, седна на чашка ракија со митрополитот Јоаникије (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ се релаксира во Црна Гора по хаосот во Австралија, најдобриот тенисер во светот вчера беше во Тиват, а го посети и манастирот Острог каде што се сретна со митрополитот Јоаникије.

Новак Ѓоковиќ во неделата беше депортиран од Австралија по одлуката на министерот за имиграција да му ја поништи визата. Тенисерот во понеделникот се врати во Белград, каде беше пречека како херој, но одби да ги коментира случувањата во Мелбурн. 

И додека медиумите шпекулираат дека тој ќе поднесе тужба и ќе бара милионско обесштетување, Новак Ѓоковиќ реши неколку дена да се релаксира во Црна Гора. 

Најдобриот тенисер во светот вчера беше во Тиват, а го посети и манастирот Острог, каде се сретна со митрополитот Јоаникије.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе