По одлуката за депортирање

Ѓоковиќ придружуван од полицијата го напушти Мелбурн (ФОТО+ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше спроведен од аеродромот во Мелбурн во придружба на полиција. Се очекува тој да лета назад во Европа преку Дубаи, но не се знае дали неговата крајна дестинација ќе биде Србија.

Фото: ЕПА

Ѓоковиќ се качи во авионот околу 12.30 часот по средноевропско време, откако Федералниот суд во Австралија ја одби неговата жалба.

Фото: ЕПА

Тричлениот судски совет по денешното рочиште ја одби жалбата на српскиот тенисер, поради што тој нема да може да учествува на Австралија опен и денеска мораше да ја напушти Австралија.

Ѓоковиќ се огласи откако Федералниот суд во Австралија ја одби неговата жалба, а во изјавата истакна дека е многу разочаран од таквата одлука.

Реакции на одлуката на Федералниот суд

Тенискиот сојуз на Србија изрази разочарување од денешната одлука на австралискиот суд да му ја одземе визата на првиот играч во светот Новак Ѓоковиќ со оценка дека политиката го победила спортот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека одлуката за укинување на визата за тенисерот Новак Ѓоковиќ е политичка и лов на вештерки и дека на тој начин австралиската влада е понижена.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека е скандалозна одлуката на судот во Австралија дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ мора да ја напушти таа земја и дека покажала како не функционира владеењето на правото во некои други земји.

Премиерот на Австралија Скот Морисон денеска рече дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од здравствени и безбедносни причини и од јавен интерес.

Иако речиси цело време молчеше додека траеше сагата на Новак Ѓоковиќ во Австралија, Асоцијацијата на тениски професионалци денеска порача дека е голема штета што Ѓоковиќ нема да игра во Мелбурн и дека тоа е голема загуба за турнирот.

„Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ризикува да загуби многу и да продолжи да се соочува со низа пречки поради одлуката да не се вакцинира против коронавирусот, а прашање е дали тоа ќе оди дотаму што ќе го загрози продолжувањето на неговата кариера, објави агенцијата Франс прес.

Тенискиот сојуз на Австралија денеска соопшти дека ја почитува одлуката на Федералниот суд во врска со укинувањето на визата на Ѓоковиќ.

Британскиот тенисер Енди Мареј денеска изјави дека одлуката првиот светски играч Новак Ѓоковиќ да не учествува на Австралија опен не е добра за никого и дека не му се допаѓа тоа што српскиот тенисер бил во притвор.

Фото: ЕПА

Патрик Муратоглу, тренерот на Серена Вилијамс и основач на познатата тениска академија „Муратоглу“, рече дека најголем губитник од целата оваа збрка е самиот турнир.

„Единствената добра вест е дека се надеваме дека ќе почнеме да зборуваме за тенисот“, напиша Патрик Муратоглу на Твитер.

Најблискиот соработник на Новак Ѓоковиќ во Асоцијацијата на професионални тенисери, Васек Поспишил е разочаран од одлуката на австралиските правосудни органи да го депортираат Новак Ѓоковиќ и смета дека тоа е политичка одлука.

„Новак немаше ни да оди во Австралија ако не добиеше од Владата изземање за влез во земјата. Ќе го прескокнеше Австралија опен, ќе останеше дома со семејството и никој немаше да зборува за овој хаос. Ова беше политичка игра поради претстојните избори и не можеше да биде поочигледно. Ова не е негова вина. Тој не се обиде насилно да влезе во земјата и не правеше свои правила. Беше спремен да остане дома“, напиша Поспишил на Твитер.

Еден од тенисерите што му даваа најголема поддршка на Новак во изминатите денови, Австралиецот Ник Кирјос, реагираше на Твитер со емотикон:

А во одбрана на српскиот тенисер застанаа и неколку други негови колеги.

Австралија опен сега ќе се одржи без Новак Ѓоковиќ, кој беше прв носител, од 17 до 30 јануари 2022 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе