АТП Белград

Ѓоковиќ преку Кецмановиќ до полуфиналето на турнирот во Белград

Новак Ѓоковиќ со пресврт го совлада својот сонародник Кецмановиќ со 2-1 во сетови и се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против Качанов. 

Миомир Кецмановиќ му пружи отпор на својот далеку пославен сонародник, Новак Ѓоковиќ, но не успеа да го изненади.
 
Ѓоковиќ го загуби првиот сет со 6-4, но ги доби следните два со 6-3 и 6-3, па со 2-1 во сетови се пласираше меѓу четирите најдобри.
 
Таму ќе игра против третиот носител Качанов кој со 2-0 во сетови, 7-5 и 6-4 беше подобар од Монтеиро.
 
Утре се играат преостанатите два четвртфинални меча на АТП турнирот во Белград, Даниел - Рублев и Фоњини - Оте.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе