МИНИМАЛНА КАЗНА ЗА СРПСКИОТ ТЕНИСЕР

Ѓоковиќ помина со казна од 2.500 евра за инцидентот во Доха

Новак Ѓоковиќ доби само парична казна од две и пол илјади евра поради инцидентот во финалниот дуел на турнирот во Доха кога со топче погоди навивач.

За време на финалниот натпревар против Енди Мареј во Доха, Новак Ѓоковиќ два пати беше опоменат за своето однесување.
 
Најпрво по еден загубен поен нервозно го удри топчето и погоди еден навивач, а потоа во текот на мечот го истури гневот врз својот рекет.
 
За првиот инциденет се очекуваше и дополнителна казна од ИТФ, а дененшните информации велат дека таа во износ од само 2.500 евра.
 
По натпреварот Ѓоковиќ ја призна вината и вети дека во иднина ќе биде повнимателен.
 
Финалниот меч го доби Ѓоковиќ со 2-1 во сетови.

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе