Вимблдон

Ѓоковиќ покажа врвен тенис и за два часа го среди Кокинакис

Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3. коло на Вимблдон, Србинот без многу мака го совлада Танаси Кокинакис со 3-0 во сетови (6-1, 6-4 и 6-2).

Новак Ѓоковиќ виде малку мака во првото коло, но попладнево одигра врвен тенис, не загуби ниту еден сет и за два часа го среди Танаси Кокинакис.

Србинот го отвори мечеот убедливо, првиот сет го доби со 6-2, најмногу борба имаше во вториот сет, кој му припадна на популарниот Ноле со 6-4, додека пак последниот сет беше рутински одработен со 6-2.

Во 3. коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со сонародникот Миомир Кецмановиќ, кој со 3-1 беше подобар од Алехандро Табило од Чиле.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе