СРБИНОТ ЈА ДОБИ БИТКАТА НА НАЈДОБРИТЕ

Ѓоковиќ го победи Мареј и го одбрани трофејот во Доха

Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови го победи Енди Мареј во финалето на турнирот во Доха и го одбрани пехарот од минатата сезона.

Ѓоковиќ ја доби мега пресметката помеѓу двата најдобри тенисери во светот, Србинот беше подобар во првиот меѓусебен дуел во 2017 година.
 
Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-3, но Мареј успеа да возврати со 7-5 и да се избори за трет решавачки сет. Во него Новак беше подобар со 6-4 за победа од 2-1 во сетови.
 
Ова беше прв пораз на Мареј по серија од 28 победи. Ѓоковиќ води во меѓусебните дуели со 25:11.
 

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе

Киев не може да дозволи, ниту од морална, ни од правна гледна точка, нејзини претпријатија да бидат конфискувани.

повеќе