Сребрениот олимпиец на прием кај претседателот

Георгиевски му покажа теквондо удар на Пендаровски (ВИДЕО)

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими македонскиот сребрен олимпиец, Дејан Георгиевски. 

Претседателот Пендаровски честитајќи му го извонредното постигнување и освоениот медал на Дејан Георгиевски, истакна дека неговиот успех донесе огромна слава и радост за цела држава и претставуваше чин којшто ги сплоти сите граѓани.
 
„Ви благодарам во името на сите граѓани што не направивте горди и што потврдивте дека со голем напор и залагање, професионалност и посветеност нема недостижни цели. Дадовте пример за сите македонски спортисти дека можат да се освојуваат светските спортски тронови, пример кој се надевам ќе го следат младите“, рече претседателот Пендаровски на средбата.
 
Претседателот изрази надеж дека ова е само почеток на големите успеси, како на Дејан Георгиевски, така и на овој спорт во нашата држава и даде уверување дека секогаш македонските спортисти ќе ја имаат неговата поддршка.
 
Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, што претставува историски најголем успех на македонски спортист постигнат на Олимписки игри од независноста на нашата држава.
 
Георгиевски му презентираше и некој теквондо удар на Пендаровски.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе