Олимписки игри

Финале за Дејан Георгиевски, Македонија освои медал на Олимписките игри!

Дејан Георгиевски го победи Јужнокореецот Кио Дон Ин, го помина и полуфиналето и освои медал на Олимписките игри, прашање е само дали тој ќе биде златен или сребрен.

Голем, огромен успех за Македонија, Дејан Георгиевски како што вети пред заминувањето со медал ќе се врати од Олимписките игри во Токио.

Нашиот олимпиец со 12-6 ја победи полуфиналната борба против Јужнокореецот, Кио Дон Ин.

Првата рунда ја доби Ин со 1-0, но во втората Георгиевски направи пресврт и поведе со 5-3.

Во третата решавачка рунда, Георгиевски не само што ја одржа предноста туку и ја зголеми за конечна победа од 12-6.

Во финалето Георгиевски ќе се бори против Русинот Ларин Владислав кој важи за голем фаворит на турнирот. Но веќе имаме медал, а дали тој ќе биде златен или сребрен останува да видиме по финалето кое треба да почне во 14.45.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе