Според „Форбс“

Федерер е најплатениот спортист, зад себе ги остави Роналдо и Меси

Роџер Федерер е првиот тенисер кој се искачил на првото место по заработка за една година меѓу спортистите, по него следуваат фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„Форбс“ ја објави листата на спортистите кои заработиле најмногу во изминатите 12 месеци, а на првото место е Роџер Федерер.

Федерер заработил вкупно 106,3 милиони долари од кои 100 од спонзорски договори, а 6,3 од плата и награди на турнири.

Поради коронавирусот заработката на дел од фудбалерите е намалена, но тоа е само во неколкуте изминати месеци. Сепак имаше влијание во креирање на листата.

Роналдо е втор со вкупно 105 милиони долари, од нив 45 од спонзорски договори, а 60 милиони од плати и награди.

Трет на листата со еден милион евра помалку е Лео Меси, тој од спонзорски договори добил 32 милиони долари, а од плата и награди 72 милиони.

Нејмар е на четвртото место со 95,5 милиони долари, а во топ пет листата е и Леброн Џејмс со 88,2 милиони долари.

Меѓу десетте спортисти со најголема заработка се и Стеф Кари (74,4), Кевин Дурент (63,9), Тајгер Вудс (62,3), Кирк Казанс (60,5) и Карсон Венц (59,1)

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе