Карате

Емил Павлов освои сребрен медал на Светското првенство во Дубаи (ВИДЕО)

Најдобриот македонски каратист, Емил Павлов се враќа со сребро од Светското првенство во Дубаи. 

Павлов во категоријата до 67 килограми, денеска загуби од олимпискиот првак Стивен да Коста.
 
Борбата на почетокот беше израмнета, но Стивен да Коста беше подобар во финишот и дојде до победата.
 
На патот до финалето ги елиминираше Матеј Хомола, Садридин Сајматов, Абдалах Хамат, Али Елксави и Маршал Тадиси.
 
Ова е најголем успех за Павлов на Светско првенство, двапати претходно беше европски шампион, во 2014 и 2018.
 

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе