Формула 1

Еден-два победа за Ред Бул, лош ден за Ферари во Имола

Макс Ферстапен имаше одличен викенд во Италија откако по синоќешната спринт трка, денеска победи и на главната, убавиот ден за Ред Бул го комплетира Перез кој заврши на второто место. 

Макс Ферстапен имаше мирна трка и без проблеми остана на првата позиција, а Перез уште на стартот го мина Леклер, а потоа одолеваше на нападите се до една голема грешка на возачот на Ферари.
 
Навивачите на Ферари се надеваа на успех на домашната трка во Италија, но наместо тоа се случи разочарување.
 
Карлос Саинц излета уште во првиот круг на тешките временски услови, додека кога се чинеше дека Леклер има шанси да го нападне Перез и да дојде на втората позиција, направи грешка и падна дури на осмата позиција.
 
До крајот Леклер успеа да дојде на шестото место, а неговата грешка најдобро ја искористи Ландо Норис кој се качи на победничкиот пиедестал заедно со возачите на Ред Бул.
 
Четвртото место го освои Расел, а во топ десет завршија и Ботас, Леклер, Цунода, Фетел, Магнусен и Строл. Хамилтон заврши на 14. место.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе