Минатиот месец, Тимур Дибиров најави крај на авантурата во Скопје и откри дека заминува од Вардар. Русинот сепак се предомисли, шампионот на Македонија попладнево соопшти дека е продолжена соработката.
„Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот" дрес и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката. Клубот и левото крило се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје“ - гласеше известувањето на Вардар.
За новиот договор, Тимур Дибиров рече: „Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега“.