Ролан Гарос

Брилијантниот Чилиќ го исфрли Медведев од Ролан Гарос

Марин Чилиќ направи големо изненадување откако не само што го победи Данил Медведев, туку тоа го направи и многу убедливо со само седум загубени гејма. 

Марин Чилиќ е последниот четвртфиналист на Ролан Гарос, Хрватот со убедливи 3-0 го победи Данил Медведев, по сетови беше 6-2, 6-3 и 6-2.
 
Медведев беше втор носител на Ролан Гарос, а Чилиќ е тенисер на кој повеќе му лежи тврдата подлога поради силниот сервис, но вечерва одигра брилијантно и за помалку од два часа победи.
 
По натпреварот Чилиќ изјави дека ова бел еден од неговите најдобри мечеви во кариерата.
 
Во четвртфиналето Чилиќ ќе има уште еден Русин за противник, Рубљов кој го помина Синер. При 1-1 во сетови, Италијанецот го предаде мечот.
 
Другите четврфинални двојки се Руд - Руне, Алкараз - Зверев и Ѓоковиќ - Надал.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе