Формула 1

Ботас победи во Истанбул, Верстапен се врати на врвот во генералниот поредок

Валтери Ботас триумфираше на ГН на Турција, Финецот водеше од прв до последен круг за прв триумф во сезоната, Макс Верстапен финишираше како втор и се врати на врвот во генералниот поредок.

Дождот донесе возбудлива трка во Истанбул, позициите на Валтери Ботас и Макс Верстапен можеби во ниту еден момент не беа загорезени, но зад нив имаше голема борба, особено за последното место на пидесталот.

Финецот извозе без грешка, водеше од прв до последен круг за прв триумф оваа сезона. Макс Верстапен исто така имаше соло трка, Холанѓанецот денеска не можеше да се бори за победа, но без многу мака финишираше како втор.

Што се однесува до последното место на пиедесталот, на десетина круга пред крајот, таму се наоаѓаше Луис Хамилтон но Мерцедес не сакаше да се коцка, па го повика Британецот во бокс по нови гуми. Потегот на крајот се покажа како погрешен, актуелниот шампион не успеа да ги нападне тие пред него.

Ваквиот развој на настаните го искористи Серхио Перез, кој го претекна Шарл Леклер во свиокот број 12 за финиш на позицијата број 3.

Во бодови денеска уште завршија Пјер Гасли, Ландо Норис, Карлос Саинц, Ленс Строл и Естебан Окон, кој интересно не влезе ниту еднаш во бокс и цела трка ја извозе со исти гуми.

По денешната трка, Макс Верстапен се врати на врвот во генералниот поредок и сега има шест бода повеќе од Луис Хамилтон.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе