УФЦ 259

Блахович го одбрани појасот, прв пораз на Адесања

Јан Блахович со едногласна судиска одлука го победи Израел Адесања и го одбрани појасот во полутешка категорија. 

Адесања кој е актуелен шампион во средна категорија (84кг) сакаше да го освои појасот и во полутешката категорија (93кг), но не успеа да го совлада Блахович.
 
Полскиот УФЦ борец беше подобар во октагонот, а судиите со 49-46, 49-45 и 49-45 гласаа во негова полза. Ова беше прв пораз на Адесања по 20 ММА победи.
Покрај мечот меѓу Балхович и Адесања, имаше уште две борби за титули. Во женската полутешка категорија, Аманда Нунес уште еднаш ја презентираше својата доминација, за две минути ја совлада Меган Андерсон, завршниот удар го зададе со „триангл-армбар“ и дојде до победата.
Во мечот од бантам категоријата, Петр Јан направи голема глупост поради која Алџамаин Стерлинг ја освои титулата.
 
Јан кој ја бранеше титулата беше фаворит и добро му одеше, но во четвртата рунда направи недозволен удар со колено поради која Стерлинг не можеше да продолжи. Јан беше дисквалификуван, а Стерлинг го доби појасот.
Правилото вели дека кога еден борец со едно колено или рака е на земјата, не е дозволено да се удира во глава. Стерлинг беше долу со коленото, а Јан се сврте кон својот тимски корнер, праша дали да го удри, доби потврден удар од тренерите, го направи тоа и ја загуби борбата.
 
По мечот Петр Јан се извини за тоа што го направи: „Се извинувам и му посакувам брзо опоравување на Стерлинг. Немав намера да направам нелегален удар, единствано направив грешка и платив за тоа“.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе