Јанта Волеј Форца ја продолжува соработката со легендарниот Грбиќ

Бесплатно онлајн предавање на одбојкарската легенда Владимир Грбиќ

Јанта Волеј Форца од Скопје во корелација со Одбојкарската Федерација на Македонија ја продолжува соработката со одбојкарската легенда од Србија Владимир Вања Грбиќ.

Освојувачот на златен олимписки медал, член на Куќата на Славните и претставник од Светската одбојкарска федерација (FIVB) за развој на одбојката, посебно за работа со млади и деца со посебни потреби. Тој секоја година е организатор на интернационален одбојкарски камп, каде земаат учество околу 1000 деца во 5 (пет) смени собрани од сите континенти.

Неговото долгогодишно искуство работејки со оваа категорија на млади одбојкари/ки сакаме да го презентира на одбојкарските тренери во Македонија и родителите чии деца тренираат одбојка.

Поради настанатата ситуација со пандемијата и неможноста да се одржи семинар во живо ќе се направи предавање на ден 04.06.2020 (Четврток) од 19:00h, на кое можат да се приклучат бесплатно сите заинтересирани.

ТЕМА: Работа со деца, степен на оптеретување и основни принципи за цел на детското здравје и правилен развој.

За успешно, коректно и правовремено вклучување на сите заинтересирани потребно е истите да се пријават со име, презиме и телефонски број на monikajanevic@yahoo.com . Од каде ќе добијат иструкции на кој начин ќе се изведува и следи предавањето.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе