Истрагата е во тек

Австралија сѐ уште подготвува депортација на Ѓоковиќ, министерот се мисли

Подготовките на Новак Ѓоковиќ за Австралија опен денеска продолжија, додека прашањето за неговото присуство во земјата останува нерешено. Австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок, продолжува да размислува дали треба да му ја укине визата на Ѓоковиќ или не.

Фото: ЕПА

Адвокатите на Новак Ѓоковиќ се обидоа во последен час да ги спасат неговите грен-слем надежи поради вестите дека владата се подготвува да го депортира.

Федералната влада, наводно, „сè уште подготвува“ судски случај за да му ја укине визата и да го депортира од Австралија, а одлуката се очекува утре.

Министерот за имиграција Алекс Хок рече дека „темелно“ размислува дали да ги искористи своите лични овластувања за да му ја укине визата на Ѓоковиќ според членот 133ц од Законот за миграција.

Канцеларијата на Хок откри дека адвокатите на светскиот број еден „неодамна доставиле долги поднесоци и придружна документација“.

Но вечерва австралиски Хералд Сан објави дека владата е наклонета кон депортирање на Ѓоковиќ.

Весникот цитира неименуван владин извор, кој рекол дека дозволувањето на Ѓоковиќ да остане во земјата и да игра на Австралија опен, ќе создаде „опасен преседан“.

Изворот рекол дека владата е подготвена да ги истрпи меѓународните реакции за да го зачува, според неа, националниот интерес.

Конечна одлука сепак сѐ уште не е донесена.

Попладнево Ѓоковиќ се врати на својот трет тренинг во Мелбурн парк откако беше ослободен од имиграцискиот притвор. Со мал број присутни новинари, Ѓоковиќ тренираше со австралискиот младинец Тристан Скулкејт и продолжи да се враќа во форма, работејќи серија вежби.

Ѓоковиќ претходно се погрижи неговите тренинзи да бидат затворени за гледачите, при што вратите на Род Лејвер арената беа заклучени за време на неговите тренинзи и беше исклучен преносот во живо од арената.

Во исто време додека светскиот број еден тренираше, објави соопштение на Инстаграм во врска со фотографиите на кои присуствува на доделување награди за деца („Немав симптоми и се чувствував добро, а известувањето за позитивен ПЦР-тест не го добив сѐ додека не заврши тој настан“) и на интервју за францускиот весник Л'Екип откако беше позитивен на тестот за ковид-19.

Според весникот Ејџ од Мелбурн, Министерството за внатрешни работи ги истражува разните проблеми за кои Ѓоковиќ зборува во својата објава на социјалните мрежи - неговата неточна декларација за патување во Австралија, неговото наводно непочитување на правилата против ковид-19 во Србија и прашањата за датумот на неговиот тест за ковид - покрај истрагата на Хок за неговото медицинско изземање.

Во меѓувреме, Женската тениска асоцијација се осврна на депортацијата на Рената Ворацова, чешката специјалистка во двојки, која беше приведена од австралиските гранични сили и депортирана по спорот на Ѓоковиќ со властите.

„Рената Ворацова ги следеше овие правила и процедури, ѝ беше одобрен влез по нејзиното пристигнување, се натпреваруваше на еден настан, а потоа одеднаш ѝ беше откажана визата кога не направи ништо лошо“, велат од ВТА.

За разлика од Ѓоковиќ, Ворацова ја префрли вината на Тенис Австралија и во неодамнешното интервју за АФП рече дека очекува надомест од раководното тело.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе