СРПСКАТА ТЕНИСЕРКА СЕ ПОВЛЕЧЕ

Ана Ивановиќ објави крај на тениската кариера

Српската тенисерка, Ана Ивановиќ објави крај на тениската кариера, вели дека одлуката била тешка, но веќе не може да игра тенис на највисоко ниво.

Иако има само 29 години, Ана Ивановиќ реши да се повлече од активното играње на тенис.
 
„По 13 години играње професионален тенис, донесов многу тешка одлука, да се повлечам. Размислував долго, но има многу да се слави. Почнав да сонувам за тенисот кога имав пет години додека ја гледав Моника Селеш на ТВ. Секогаш добивав поддршка од моите родители. Бев прва во светот, во 2008 го освоив Ролан Гарос. Достигнав височини кои не можев ни да ги сонувам“ - вели Ивановиќ.
 
„Секој професионален спорт бара врвна физичка подготвеност, а познато е дека имав проблеми со повреди. Можам да играм ако работам по своите високи стандарди, а тоа повеќе не можам да го правам. Па одлучив дека тука е крајот“.
 
„Тенисот секогаш беше моја љубов, но навистина сум возбудена поради тоа што следи. Ќе станам амбасадор на спортот и здравиот живот. Ќе ги истражам бизнис можностите. Ќе имам време за моите филантропски активности, вклучувајќи ја и мојата работа за УНИЦЕФ. Што уште? Кој знае. Се што можам да кажам е дека ги живеев соништата и се надевам дека ќе им помогнам и на другите да го прават тоа. Така да немојте да бидете тажни, бидете оптимисти со мене. Големо благодарам за сите вие кои ми помогнавте да го живеам овој најубав период. До сега“.
 

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе