МКД.мк

Возач прегазил луѓе на станица во Истанбул, па ги бодел со нож (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица се повредени во Истанбул кога возач со автобус прегазил луѓе на преполна станица, а потоа ги бодел со нож оние што се обидувале да го фатат, соопшти турската полиција и рече дека го уапсила напаѓачот.

Полицијата соопшти дека 33-годишниот возач на автобусот е уапсен денес, откако скокнал во морето за да избега.

Меѓу повредените е и еден човек што бил прободен со нож додека се обидувал да го спречи возачот на градскиот автобус да побегне.

Полицијата соопшти дека меѓу повредените има тројца ирански државјани и две деца.

Засега не е познато дали возачот намерно или случајно влетал со автобусот меѓу луѓето.

Полицијата соопшти дека отворила истрага за инцидентот.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/vozach-pregazil-lugje-na-stanica-vo-istanbul-pa-gi-bodel-so-nozh-video?page=2