МКД.мк

Талибанците ги затвориле училиштата за девојчиња неколку часа откако биле отворени

Талибанците наредиле затворање на училиштата за девојчиња во Авганистан, само неколку часа откако биле повторно отворени. Медиумите јавија дека на девојчињата кои стигнале во постарите одделенија на основните училишта и гимназиите им било кажано да се вратат дома.

Портпаролот на талибанците Инамулах Самангани кажа дека е точно дека училиштата се затворени, не сакајќи понатаму да коментира.

Девојчињата во Авганистан се израдуваа на враќањето во училиште, првпат откако талибанците ја преземаа власта минатиот август.

Меѓународната заедница правото на образование за сите го направи клучна точка во преговорите за помош и признавање на режимот во Авганистан.

Повеќе земји и меѓународни организации најавија дека ќе обезбедат наставници за авганистанските училишта.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/talibancite-gi-zatvorile-uchilishtata-za-devojchinja-nekolku-chasa-otkako-bile-otvoreni