МКД.мк

Студија во Швајцарија: во Европа најмногу милионери има во Германија, 2,9 милиони

Германците имаат најголемо лично богатство во Европа, покажува швајцарската студија објавена денес.

Личното богатство на Германците се проценува на околу 16,4 трилиони евра, а втора на листата е Франција со 12,6 трилиони евра.

Обединетото Кралство и Италија имаат по 10 трилиони, според податоците на тинк-тенк Ридизајнинг фајненшл сервисес од Цирих.

Личното богатство се зголеми во овие земји во 2020 година, првата година од пандемијата, и покрај падот на БДП.

Со студијата се опфатени 16 земји од ЕУ и Швајцарија. Додека БДП падна за 6,4 отсто во 2020 година, личното богатство порасна за 3,9 отсто на рекордни 69 трилиони долари во историјата.

Ова покажува дека јазот во богатството меѓу богатите и сиромашните расте, а авторите на студијата велат дека тоа е тренд кој ќе продолжи.

Според Европскиот извештај за богатство, Германија има најмногу милионери, 2,9 милиони, а Велика Британија и Франција 2,5 милиони.

Швајцарија пропорционално на населението има најголем број милионери. Дури 14,1 отсто од Швајцарците се милионери.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/studija-vo-shvajcarija-vo-evropa-najmnogu-milioneri-ima-vo-germanija-29-milioni